18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Две пријателски фудбалски средби во Прилеп: БРАТСТВО ДАДЕ ОТПОР, ПОБЕДА РЕМИЗИРА

Двата прилепски второлигаша од групата Исток, Победа и Братство од Житоше, првенствената пауза ја искористија за одигрување пријателски средби.

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ екипата на Победа изваде нерешено, 0:0 со прволигашот Борец од Велес. Тренерите Дарко Крстески и Јане Николоски ги испробаа своите тимови во пресрет на првенствените мечеви дома, Победа со гевгелиски Кожуф, Борец со тетовска Ренова.

https://www.facebook.com/ShampionMK/videos/4568053169930146

На игралиштето со вештачка трева Братство со минимални 2:3 (1:1) загуби од охридска Воска. Головите за Братство ги дадоа Антонио Димоски и Наим Мустафоски, а за Воска стрелци беа Наум Велјаноски, Никола Миткоски и Теофил Силјаноски.

 

Тимот на Ромер Муриќ покажа дека може да се носи со силни ривали, како што е Воска, второпласирана во второлигашкиот Запад. Во наредното второлигашко коло Братство игра со Беласица во Струмица, а Воска со Кораби во Дебар.

Би можело да ве интересира

Фудбалот како семеен код – семејство Најдоски

Џудистите од Пролетер се вратија со 5 медалји од Кикинда

На 6 години го искуси летањето, сега е светски вицешампион (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе