Со само седумнаесет години , прилепчанката Михаела Даноска го живее својот сон , еден ден да биде нордиска скијачка со која ќе се гордее Македонија. Макотрпно со подршката од семејството но и луѓето кои работат со неа се пробива низ светот на скијањето , спорт на кој треба целосно да му се препуштиш за да те одведе кон врвот. Михаела е од населеното место Големо Коњари, девојка која посветено се надоградува , со тренинзи , настапи на натпревари и покрај тоа што условите во земјава за тренинзи на скијачите речиси и да се на маргините.За себе вели дека во секој момент од нејзиниот тинејџерски живот се посветува на скиите во зима и на ролерите во лето , зашто тренира и настапува и во двете годишни времиња се со цел да собере што поголемо искуство но и резултати и времиња достојни за олимписка норма.
Имав желба да пробам , секогаш кога имав тренинг се повеќе растеше желбата да се пробам во овој спорт и затоа многу го засакав.Ова мие четврта година како активно сум вклучена во скијањето. На почеток тренирав со клубот Олимпик Ски каде сум и членка , и со тек на време како што имав подобри резултати влегов во репрезентација и потоа продолжив да тренирам со селекторот Ѓоко Динески. Сакам да кажам дека секој ден имаме различен тренинг и тоа ме исполнува еве веќе четири години, вели Михаела за Радио Пела.
Михаелла ја има целосната подршка од своето семејство. Како што вели нејзиниот татко Рубин , не е ништо незамисливо , се може да се оствари ако имаш желба и волја , а таа тоа го има вели тој , и до крај ќе ја има мојата подршка а и од останатите во семејството за целопниот нејзин ангажман во скијањето. Не е мала работа да се тренира и дење и ноќе за да се постигне што подобар резултат во нордиското скијање , вели Даноски кој посакува неговата ќерка да стигне до посакуваната цел , а тоа сигурно е учество на престојната зимска олимпијада во Пекинг.
Михаела го има светскиот код за настап на големите натпреварувања но во исто време таа го поседува и спортскиот инает да биде успешна во она што го работи а со своите седумнаесет години со сигурност е “нордиско злато” и вистински амбасадор на Македонија. Во продолжение погледнете ги и разговорите во целост, со неа , нејзиниот татко и секако човекот со кого од ден на ден прераснува во нордиски репрезент за почит.
Подршката за Михаела е потребна , не само како спортист туку како личност чија желба е и како многумина, да бидат спортисти со врвни дострели . Денеска дојде и подршката и од агенцијата за млади и спорт а во нивното соопштение на официјалната фејзбук страница се меѓу другото се вели :
На крајот посакуваме само успеси за ова “светско а наше” девојче кое мора да оди напред.Тимот на Радио Пела е со тебе , само напред !!!