7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сопружници измамени при посредување за вработување во Германија!Внимателно со огласите на социјалните мрежи

Патот до шанса за заработка во Германија, понекогаш го претвара сонот во кошмар. И,токму тоа им се случило на прилепските сопружници, кои во обид да дојдат до заработувачка, поверувале на огласите кои често се појавуваат на социјаланите мрежи и нудат вработувања во странски земји.

Но, кога заклучиле дека се измамени сопружниците пријавеиле во полиција. Имено,  прилепчанка 36 години  и незиниот сопруг на 15.11.2021 во ОВР Прилеп, пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамена од едно лице за сума од 700 евра, кој им ветил вработување во Германија. Според пријавеното, на 26.10.2021 жента видела оглас дека се бараат работници за во Германија преку хрватска агенција и стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е од Скопје, а живеело во Белград, Република Србија.

Жената ја раскажла својата приказна за измамата во полициската станица Прилеп – дека лицето побарало од нив да се сретнат во Белград и да му дадат по 350 евра,  од човек,  за наводно да и уплати на хрватската агенцијата за автобускиот превоз до Загреб, Република Хрватска, а откако ќе пристигнат во Германија парите ќе им бидат вратени на сметка.

Исто така, според пријавеното, по пристигнување во Загреб лицето со кое контактирале за вработување било недостапно по што сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчисување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тепачката во с.Црнилиште завршила со пријава во полиција – физичките напади станаа секојдневие

Пела Редакција

До темел изгореа 4 социјални бараки кај Варош – пожарникарите спасуваа човечки животи

Елизабета Филипоска

Фатен кај Вештачкото езеро како со запрежна кола и моторна пила сечел шума

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе