14.9 C
Прилеп
петок, 2 мај, 2025
Пела Радио

Од утре стартува исплатата на анти ковид пакетот за тутунарите

Владата преку Генералниот секретаријат ја започна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари. Исплатата е во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од ковид-19 и на сметките на производителите на тутун веќе од утре, петок, 19 ти ноември, ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини.

Како што соопшти владината прес-служба, се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

На оваа финансиска поддршка ѝ претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари.

Би можело да ве интересира

Дали власта требаше да се меша?!

Информиран пациент – подобра грижа за сопственото здравје

Елизабета Филипоска

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе