3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна реконструкцијата на цевководот со главен довод на вода од извориште во местото викано „Пашоски ливади“ кај Оревоец

Општина Прилеп започна со реализација на многу важен проект за „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во местото викано „Пашоски ливади“ до собирна шахта во КО Прилеп“.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денеска ја посети локацијата и  изврши увид во градежните активности околу реализација на проектот.

Реконструкцијата на доводниот цевковод од извор во близина на с.Оревоец е во вкупна должина од 3850 метри. Како најповолен изведувач за извршување на градежните работи избрана е фирмата Маркоски К – 73 од Струга.  Предвидено е реконструкцијата на цевководот за водоснабдување да се одвива во две фази, од кои во првата би се реконструирале 3045м.

Со реконструктивниот зафат ќе биде заменет стариот дотраен челичен цевковод со дијаметар Ф 300 мм со нови дуктилни цевки со дијаметар Ф 300 мм од светски познатиот произведувач „Понтамусон“ со што ќе се овозможи зголемен проток на вода од 25 литри во секунда.

Цевковод е изграден во 50-те год од минатиот век и поради оштетувањата кои ги претпрел истиот е причина за намалено снабдување со вода на потенцијалните корисниците.

Реализацијата на овој проект значително ќе придонесе во решавање на  долгогодишните проблеми  и ќе  обезбеди континуирана екплоатација на вода до крајните корисници  во текот на целата година . Со тоа ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето  на локалното население.

Средствата за имплементација на овој проект се обезбедени од  ТАВ програмата.

Би можело да ве интересира

Прилеп доби копија во мермер и реплика од орденот „Народен Херој“

Гордана Цветаноска

Во Крушево ќе спортуваат пензионерите

Елизабета Филипоска

Даниела Перканоска од Авто Контрол меѓу најуспешните жени менаџерки во Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе