11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ : Почина актерот Трајче Иваноски

Денеска, 19. декември, на 76 годишна возраст,  почина прилпскот актер Трајче Иваноски , еден од доајените на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Комеморација по повод смртта на Иваноски ќе се одржи утре, во 11.30 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“.

Трајче Иваноски кој спаѓа во најангажираните акери на прилепскиот театар. Првпат заиграл во  1965 година на сцената на прилепскиот театар, а во пензија заминува во 2007 година. Со оглед дека и за пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на театарот, Иваноски бележи 40-есет годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Настапуваше и во филмски проекти ,како Дедо  Марко во „Прекалени„ 1975 во серијата „Вилшебното Самарче„, „Солунски Патрдии„ во улогата на  Аџи,  Јанкула, мајсторо Јонче во серијата “Тврдокорни“, во филмот “Белото Циганче “, кмет во “Аватурите на Итар Пејо„ татко во филмот „Последниот Македонец„ ….

Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија. Бројката на неговите главни ролји е голема, а за дел од нив има добиено и престижни награди.
Играше до последно, до пред извесен период, во претставите „Лажговци“, „Глембаеви“ , во приватниот театарски проект дуодрамата „Мендо и Мајло“.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Елизабета Филипоска

ОЈ ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ ТИ ЈА КРАСИШ – И АНГЛИЈА

Гордана Цветаноска

Сеќавање на прилепската актерска легенда Благоја Спиркоски-Џумерко роден на денешен ден

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе