11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанецот Ице Соколески, нов член на ракометниот репрезентативен стручен штаб

Македонската сениорска репрезентација во рамките на стручниот штаб  се засилува со прилепчанецот Ице Соколески, како тренер на голманите (Митревски, Томовски и Кизиќ),  пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Соколески е млад стратег и моментално е тренер на голманите во Еурофарм Пелистер.  Со тоа е екипиран е стручниот штаб на Кире Лазаров, каде покрај Соколески се и Ацо Јоновски, Филип Миркуловски, Бранко Ангелов и Билјана Црвенкоска.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров утре ќе прозива пред стартот на подготовките за претстојното Европско првенство 2022 година, кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија од 13 до 30 јануари . Македонија на ЕП како дел од групата А ќе ги одигра мечевите од групната фаза во унгарскиот град Дебрецин, а силите ќе ги одмери со Словенија на 13 јануари, два дена подоцна со Црна Гора, додека на 17 е закажана пресметката со Данска. Подготовките за континенталното натпреварување ќе се одвиваат во две фази. По утрешната прозивка, закажана за 12 часот во хотелот Александар Палас, најдобрите македонски ракометари заминуваат во Маврово каде ќе одиграат два пријателски натпревари против Кувајт, на 27 и 29 декември. Втората фаза од подготовките ќе биде во Скопје, три дена по Нова година, Македонија ќе се тестира против Израел, реваншот се игра на 4 јануари. Нашите ракометари во Скопје ќе бидат до 11 јануари по што ќе заминат за Дебрецин.

 

Би можело да ве интересира

ЖФК ДЕСПИНА е на пат да го донесе првиот пехар на државен првак.

Елизабета Филипоска

Прилепската публика најфудбалска , најгласна , најдобра – празник за душата (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

ПРИЛЕП ИСПУШТИ ТРИУМФ ВО СКОПЈЕ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе