11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прва средба на градоначалникот Јовчески со дел од тутунарите -тековниот откуп во фокусот!

Градоначалникот Борче Јовчески денеска организираше прва средба со претставници на здруженијата на тутунопроизводители од прилепскиот регион, со цел координација со сите инволвирани страни во откупот на тутун, бидејќи постои загриженост од тутунопроизводителите поради ниската откупна цена на тутунот.

„Во текот на вчерашниот ден со допис реагирав до подрачната единица на Земјоделскиот инспекторат, да посветат поголемо внимание и контрола во овој период на откупните пунктови со цел маката и трудот на тутунопроизводителите да биде соодветно платена со реални откупни цени. Исто така во наредниот период ќе посетиме заедно со претставници на здруженијата неколку откупни пунктови, со цел да се информираме како тече откупот и дали производителите се задоволни од постигнатата откупна цена,“ истакна градоначалникот.

Во наредниот период ќе се одржи заедничка средба со градоначалниците од регионот и пратениците да се предвиди и предложи измена во Законот за тутун, со кој би се забранил увозот на тутун  се’ додека се откупи целосно домашното производство.

Просечната цена постигната на вагите е незадоволителна. Тутунарите се во една незавидна положба, каде што со една успешна реколта со висок квалитет повторно ќе се земе со една мизерна цена од 180 денари,цена која што нија претставува Државниот земјоделски инспекторат како показател од Министеството за земјоделство. Го информиравме за состојбата која што е на терен и дека проценката за овие класи кои што ја креваат цената, првата класа, која што воопшто не се дава на откупните места. Градоначалникот го информиравме и за Законот за тутун, увозот на тутун, кој што прави проблем уште од ланските протести и секогаш дозволува нашето, домашното производство да биде потценето. Исто така побаравме преку пратениците, да се издејствуваат измени во законот и да се донесе една повисока позиција на асоцијацијата која што е претставник на производителите да има повисока улога во овој целокупен процес за да не доаѓаат вакви ситуации да има вакви незадоволства: од компаниите да има понижувачка ситуација, а тутунарите во незадоволство“, рече Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија на тутунарите.

Тутунарите велат дека вакви средби треба да се одржуваат на редовно ниво, бидејќи од цената на тутунот и текот на откупот зависи задоволството на тутунарите, зависи нивната економска моќ, која што е поврзана и со економската моќ на самата општина.

Според последните податоци досега се откупени 7, 5 илјади тони по просечна цена од 188 денари за кгр ориентален тутун. Тутунарите велат дека таа цена е фингирана и се движи околу 160 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

МЗШВ донесе забрана за вршење на рекреативен риболов

Гордана Цветаноска

Тешко повреден мотоциклист при судар со автомобил

„Дури и глувците одат во рајот“-утре на пладне во кино Мис Стон

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе