11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

79 години од смртта на Мирче Ацев, чествување на прилепската Гимназија и касарната „Мирче Ацев“

Прилепската Гимназија и Касарната „Мирче Ацев“ денеска одбележуваат 79 години од херојската смрт на народниот херој Мирче Ацев, кога 1943 година, тој ѕверски бил мачен и убиен од бугарскиот фашистички окупатор. Во спомен и во чест на патронот на Прилепската Гимназија и касарната во Прилеп, денес беа положени цвеќиња во Алеата на Могилата на непобедените, на бистите на народните херои, во дворот во Гимназијата „Мирче Ацев“ и во касарната „Мирче Ацев“.

На свеченостите беше присутен градоначалникот Борче Јовчески, како и претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, делегации од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, касарната „Мирче Ацев“ и Сојузот на борци од Прилеп.

Градоначалникот Јовчески ја искористи посетата на Гимназијата и направи увид на лице место во градежните активности за реконструкцијата на гимназијата.

Од страна на изведувачот и надзорот беше кажано дека реконструкцијата е при крај. Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека мораме да направиме се што е во наша надлежност што побрзо да ги вратиме учениците во училишните клупи и да посетуваат настава со физичко присуство, онака како што им доликува на средношколците.

 

 

 

 Да не се заборави!

На денешен ден се убиени Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Орце Николов кои загинаа од бугарска рака. Во 1943 година во Скопје, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција ги убила Страшо Пинџур и Мирче Ацев.  На пат кон Македонија, по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица, во 1942 година, минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор бил убиен Јордан Николов – Орце, народен херој на Македонија.

Во 1943 година во Скопје, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го убила Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бил член на КПЈ од 1934 годин. Роден бил во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.

Истата година на истиот ден во Скопје, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го фрлила низ прозорец Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Првиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го добил неговото име. Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ – ТРАДИЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Прилеп: Пристигнаа брзите тестови за Ковид 19

Гордана Цветаноска

Општина Крушево по втор пат го добива приматот „Супербрендс“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе