11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп, повторно маки мачи со водоснабдувањето!

 

 

Поради неповолната хидрометеоролошка состојба, Прилеп повторно се соочува со долгогодишниот проблем,  водоснабдувањето! Нарушено е водоснабдувањето, намален е додокот на вода од регионалниот водовод „Студенчица“. Високите зони на градот се соочуваат со недоволно водоснабдување! „Во работните денови поголеми проблеми немаме, но потрошувачката на вода се зголемува за 40-50% во викендот. Граѓаните за секој случај во високите зони, да имаат акумулирано вода за викенд“ – информираат од ЈКП „В и К“-Прилеп

 

 

Прилеп почнува да се соочува со долгогодишниот проблем,  водоснабдување. Ситуацијата е речиси алармантна! Изворот „Студенчица„ со кој стопанисува ЈП „Студенчица“ е главен снабдител на вода во Прилеп, кој во овој момент има мала издашност, поради лошата хидрометеоролошка состојба.

 

Радио Пела: Зошто прилепчани повторно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и што преземате како ЈКП „В и К„ – Прилеп?!

 

– Дневно на Прилеп му се потребни 240/260 л.вода во сек, но потрошувачката се зголемува за викендот и достигнува 360 /400 л вода во секунда.  Особено вода немаа граѓаните кои живеат во високите зони – вели директорот, Сашо Николоски од ЈКП „В и К“-Прилеп.

Мислиме дека и со овие 510 л и со добра менаџирање од страна на ЈП Студенчица може да добиваме барем 120 л.во сек.  Со што водоснабдувањето  ќе биде нормализирано,бидејќи веќе се активирани и бунарите од кои добиваме 160 л.вода во секунда. Се прават мали редукции да се снабдат, за време на викендите,  повисоките зони, деловите на градот “Тризла“, кои час до два немаат вода ,тогаш се намалува притисокот во населбата „Рид„ за да се снабдат и високите делови на Маркови кули, ул “Дебарска“,Штипска, дел од нас. „Подкули“, но тоа е за час два кога температурите се пониски.

Ги активираме сите бунари, а ја подготвуваме и  препунктната станица за висока зона. Доколку има потреба, ќе бидат активирани, како и дополнителните бунари кои ги чуваме за резерва. Но сепак  тоа ќе биде за ублажување на ситуацијата. Во никој случај не можеме да зборуваме за целосно нормализирање на водоснабдувањето.- вели тој

 

Радио Пела: Зошто не е активирана станицата во Варош. Што да се прави во оваа ситуација, бидејќи доаѓаат ниски температури, кога потрошувачката на вода би се зголемила ?

 

– Станицата во Варош, како и бунарите се алтернативна состојба. Не може да се пушти станицата бидејќи таа користи вода од  Вештачкото езеро, чија вода, пак, е на минимум. И, станицата во Варош, и бунарите се направени да носат вода во ниските зони, на градот, а ние имаме проблем со високата зона, која се снабдува само од Студенчица. Со намалувањето на притсокот, проблемите со водоснабдувањето ни се јавуваат само во високата зона. Не е пуштена препукната станица, набавена пред 4 год. Веќе ја подготвуваме и во петок, планираме да ја активираме, доколку има потреба, бидејќи само да заврнат дождови, оваа ситауција ќе биде минато и водоснабдувањето ќе биде нормализирано. Но, нови количини на вода во  овој момент Прилеп нема! Може да ги искористиме нашите бунари, иако и  тие веќе работат 5 месеци, а проценката наша е дека 5 до 6 месеци можат да се издржи со нивната издашност, но може да се зголемува кризата Ситуацијата е алармантна!

 

Радио Пела: Средствата од КЕW  банката беа токму за ова да нема нарушено водоснабдување во Прилеп? Зошто за нарушено водоснабдување  се зборува сега, а не се зборуваше пред неколку месеци?

 

 

– Кризата со водоснабдувањето беше посочена од мај. Веќе  во јули  започна кризата, но не очекувавме дека во оваа мерка ќе се намали издашноста на изворот. Моментно издашнноста на изворот Студенчица, е помала и од 2001 год, кога беше криза за вода во Прилеп и од 1991 год. Тогаш имавме вода и до 550 л на сек, а сега имаме 510л вода во сек. Се надевавме на дождови и подождлива есен.

А,што се однесува до средствата од КЕW  банката,тој проект е за рехабилитација на водоводната мрежа. Да се намалат загубите,зашто Прилеп е „слепото црево“ на изворот Студенчица. Морам да потенцирам дека со тој проект се направи многу за Прилеп. Одговорно  тврдам дека од Студенчица во овој момент ќе трошевме  400, а не 250 л.вода  во сек,а не извревна обнова на вододовната мрежа во Прилеп. Загубите се намалија од 78% на под 50% и сега количината на вода, која што му е потребна на Прилеп е многу намалена. Можеме да се пофалеме дека со 250 л вода во сек. опслужуваме 80 илијади жители,што нема таков пример во Македонија и е голем  успех. Се тоа  се направи, подобра мрежа и помали загуби во мрежата, но сепак потребната количина на вода со која треба да се снабди градот зависи од издашноста на изворот

Само како споредба, во овие месеци во минатото од Студенчица пристигнувале еден милион и 20 кубици вода  месечно. Сега и во летниот  период, кога потрошувачката на вода е зголемена, ние врвиме и со 600/700 илјади метри  кубни вода, што се показатели на предобивките од КЕW   банката- истакна дир.Николоски

 

Радио Пела: Дали ова нарушено водоснабдување ќе се одрази на квалитетот на водата?

 

Квалитетот на водата се испитува секојдневно. Иако, законска обврска ни е на секој шест месеци да носиме големо количество вода за  физичко – хемиска анализа до Центарот  за јавно здравје во Скопје, ние тоа го правиме на секој три месеци, кога станува збор за водата од бунарите. Досега немаме негативни микробиолошки анализи. Настанаа мали проблеми кога ги активиравме бунарите, со заматување, се покажа, тогаш, малку поголема количина на железо, но сето тоа  траеше два/три дена, се реши,  се испраа линиите, кои редовно и се перат, и тоа е минато. Не  ја исклучувам можноста дека на одредени локации може да настане заматување на водата, но тоа е секундарно, на места каде ќе дојде до судар на линијата.

Водата од извориштето Студенчица се испитува и е здрава за пиење,иако,бунарската вода по вкус е поинакава, но и таа ги исполнува сите услови за конзумирање и физичко – хемиски е исправна,  истакна Николовски.

 

Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, за овој проблем со водоснабдувњето на Прилеп се заложи дека ќе вложи максимални напори во иднина заедно со ЈКП „Водовод и канализација“, овие критични моменти да се надминуваат, а домаќинствата да не останат без неопходните количества вода за пиење во своите домови.

Би можело да ве интересира

Рекордно висок процент на новозаразени

Гордана Цветаноска

Прилеп со нови позасилени мерки за заштита .Новинарите под маска. Парични казни за прекршување на самоизолацијата

Елизабета Филипоска

Реми и победа за прилепските боксери во Куманово (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе