11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„На Василица во Прилеп 2022“ , манифестација за збогатување на традицијата

Со бурек, греано вино и чај, дружба на отворено кај Градската саат кула, денеска во организација на Општина Прилеп започнува иницијатива „На Василица во Прилеп “за одбележување на големиот православен празник посветен на Свети Василиј, празникот Василица, кој што воедно е познат како Православна Нова година или Стара Нова Година. Градоначалникот Борче Јовчески, потенцира дека идејата е традицијата во чествувањето на празникот кај прилепските семејства да се преточи во општонародна дружба во центарот на Прилеп.

– Ова е нашата повеќе вековна традиција која што се одвива во домовите или со најблиските, а сакаме да прерасне во една манифестацијана отворено, што воедно ќе привлече наши сограѓани, но и гости од околните општини за да прерасне во традиција која што секоја година се надеваме дека ќе биде побројна и побогата. Овие рестриктивни мерки, кои што ги почитуваме и денес, се надевам дека во идната година ќе прекинат, така што посетеноста би била поголема.

Сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании пекари, винарии и ресторани, кои што ни овозможија да го збогатиме овој настан, со донирање на повеќе од 400 парчиња бурек, некаде повеќе од 100 литри варено вино, и со тоа да ги почестиме присутните и да им го честитаме празникот. Во едно од парчињата на бурек постои и паричка која што среќниот граѓанин каде што ќе се падне паричката, нашата локална самоуправа ќе му подари златен крст во чест на празникот и воедно со тоа, на семејството би му посакале среќа, долг живот и радост во фамилијата. Истата желба им ја посакуваме на сите семејства на општина Прилеп. Се надеваме дека овој православен празник и во иднина ќе не’ собира на еден ваков убав настан како поддршка на македонската богата традиција.

Паричката за време на настанот не беше пронајдена, но од Општината апелираат среќниот пронаоѓач да се пријави во просториите на Општина Прилеп за да си го подигне подарокот.

Би можело да ве интересира

(Видео)Јовчески даде отчет за сработеното пред граѓаните на Прилеп: Го намаливме долгот од 5 милиони евра, вложивме 50 милиони денари во образованието… ,

Пела Редакција

(фото) Се проширува локалниот пат Тополчани – Канатларци

Елизабета Филипоска

Манастирот „Зрзе“ во бело – планините во Македонија утрово се „разбудија„ со снег

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе