18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Марко Ристески најсреќен во Прилеп, Костадин Петкоски во Мало, а Валентин Пуцакоски во Големо Коњари

Тринаесет годишниот ученик од ООУ Рампо Левката, Марко Ристески, беше најсреќеното момче кое го извади осветениот крст од водите во дворот на Стара Црква – Св Благовештение, каде претпладнево се одржа положувањето на крстот.

 

Годинава, како што одлучи Преспанско-пелагониската епархија  поради пандемијата со Ковид 19, изостана масовното одбележување на големиот православен празник Богојавление – Водици во Прилеп.

Во духот на традицијата од рано утринава, во црквите во прилепско, по повод празникот Богојавление – Водици  се одржа Света Божествена литургија, по што следеше светото положување на крстот во населените места.

Во Мало Коњари традиционално, во базен во дворот на црквата Пресвета Богородица, беше положен светиот крст, при што најсреќен годинава беше Костадин Петкоски.

Во Големо Коњари, најсреќен во водите во паркот на ова населено место беше Валентин Пуцакоски

Би можело да ве интересира

Сликање на светци на карпи – карпа во близина на манастирот Св. Димитрија кај с. Селце

Елизабета Филипоска

Никој кај нас не помисли за еко акција на Светски Ден на Планетата Земја – Поради нелегално сечење на шумите годишно се губи територија колку Португалија

Пела Редакција

Денеска патиштата водат до манастирот „Св.Архангел Михаел„ – Варошани го слават „Голем петок, вековна традиција

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе