14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

ПРИЛЕП ГОСТИН НА ДУБОЧИЦА

Во рамките на подготовките за вториот дел од Супер лигата, екипата на РК Прилеп ќе одигра два меча со српскиот суперлигаш Дубочица. Првиот дуел е вечерва во 19 часот, вториот утре во 14. Во салата во Лесковац тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски – Таста ќе има некомплетен тим, без голманите Иван Ангелески и Стефан Христоски, новодојдениот кавадарчанец Марко Трајковски, Хари Павлов, Владимир Трајкоски, Сашко Манчески и Грузиецот Хазеин Рустамов. Сепак, пред прилепскиот клуб, во кој нов е уште еден кавадарчанец, Марио Гичев, е можноста за тестирање на формата, воедно одржување на пријателските односи со клубот Дубочица, кој беше учесник на летниот турнир „Миле Нешкоски“.

Претходно РК Прилеп одигра два меча со прволигашот Вардар од Неготино, а по враќањето од Србија има време за уште некоја контрола до 3 февруари, кога е суперлигашкиот старт.

Би можело да ве интересира

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Од рубриката да се биде или не – Македонија на мегдан против Португалија (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Актуелно : Нови простории на боксерскиот клуб АС Прилеп

Никола Димески

Че трчаме – Прилеп по втор пат домаќин на маратонски трки

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе