11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Реакција на Општина Прилеп: Факти наспроти празни обвинувања од ОО на СДСМ

По вчерашната изјава за јавноста од претседателот на ОО на СДСМ на Прилеп Миле Талевски, во врска со досегашното владеење на градоначалникот Јовчески, денеска прес конференција одржа порт паролот на Општина Прилеп Влатко Петкоски:

„Конечно се охрабрија од општинската организација на СДСМ Прилеп да се појават пред очите на прилепчани после катастрофалниот пораз на локалните избори во октомври, избори во кои народот им нанесе болен пораз од 7541 гласови разлика. Пораз кој што претставуваше фактура од прилепчани за сите лажни ветувања во изминатите четири години власт на СДСМ, а воедно значеше и максимална доверба во новиот татко на градот, Д-р Борче Јовчески. Наместо да излегуваат од СДСМ со смешни пресконференции на чело со пратеникот кој впрочем неговите сопартијци го бараа со месеци да излезе во јавност после катастрофалниот пораз, пратеникот кој според нив самите е главниот виновник за изборниот дебакл, нека им се извинат на граѓаните за залудно потрошените 4 години од мандатот во неработење.

Четири години во кои СДСМ, Прилеп од европски град, го претвори во град на мафијата, корупцијата, рекетот и беззаконието. Нивната неспособност оди до таму што не можеа ни да го одржуваат она што го наследија, а не пак да направат и изградат нешто свое освен, сомнителната милионска набавка на 4 автобуси, кои по една недела почнаа да се расипуваат, милионскиот фамозен мост од цели 20 метри во населбата Сточен Пазар и прескапо платениот булевар со кој упорно се фалат, а треба да се срамат и кој што претрпе реконструктивни зафати веднаш после првиот пообилен дожд. Не успеаа да ги одржат ниту зелените површини во градот, ги испустија сите фонтани во градското централно подрачје, а на секој чекор никнуваа нови диви депонии кои ја загадуваа животната средина. За нивниот непотизам и за вдомувањето на сите нивни партиски војници прилепчани се доволно свесни и информирани. Впрочем освен вработувања за нивните најблиски ништо друго не сработија.

 Тоа што можеме да набројуваме уште многу од нивното катастрофално владеење доволно зборува за фактот со какви луѓе си имаме работа. Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да прашаме во кое својство денес на пуштањето на реконструираната зграда на гимназијата беа присутни буквално сите од општинската организација на СДСМ како да е некој партиски настан, а градоначалникот беше поканет како гостин на настан на кој што веруваме дека требаше поинаку да се организира затоа што тоа е училиште кое што е под локална самоуправа и во случајов одговорен и надлежен е Градоначалникот во Прилеп.

 За разлика од нив новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески веднаш после преземањето на општината се увери во тоа дека претходниците од СДСМ оставиле пустош зад себе. Финансиски гледано, обврските со кои ја превзедовме локалната  самоуправа, во кои спаѓаа тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваа висок износ од 292.562.164,00 денари или околу 4 800 000 евра. Со стратегија и долгорочен план за работа започнавме со активности онака како што ветивме пред прилепчани, чесно и домаќински. Локалната општинска зграда најпрвин ја отворивме за сите граѓани, за оние кои што како што самите сведочат четири години немале пристап до градоначалникот  Илија Јованоски.

Еден куп наталожени институционални проблеми во сите сфери, затоа што очигледно некој не си ја вршел својата работа. Веднаш после смената на директори во јавните комунални претпријатија сите можеме да ја воочиме разликата. Иако и таму ситуацијата е финансиски лоша, сепак за само отприлика два месеци се исчисти централното градско подрачје, се санираа многу пријави и проблеми на граѓаните кои што апелирале со месеци но претходната власт немала слух за нив. Се исчистија многу депонии, и се’ е подготвено за пролетна офанзива затоа што во овој зимски период од годината, сепак сме ограничени за активностите кои што можат да се преземат. За се’ она што беше ветено и сработено во првите 100 дена, детално јавноста ќе биде запознаена во отчетот кој што градоначалникот ќе го претстави за многу скоро, впрочем со оглед на фактот дека решението градоначалникот го зеде на 27-ти Октомври, крајот на оваа недела навршуваат првите 100 дена .Очајните обиди на СДСМ Прилеп, за дефокус на јавноста нема да им поминат. Прилепчани не забораваат така лесно и имаат целосна доверба во локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески. Прилеп ќе доживее повторна преродба со нови проекти и ќе блесне во својот препознатлив сјај.“ – истакна Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Ковачевски дојде во Прилеп и ја избегна Локалната самоуправа и Градоначалникот

Ристовски: Таргетиравме 3 основни реформи за просперитет на Македонија! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Пачешкоски: Вакво незнаење да се менаџираат општествените процеси и животот во општината, Прилеп и прилепчани не паметат!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе