1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Талески: Кој архитект, градежен инжинер би дошол да работи во Општина за 23 000 денари плата?

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија, чиј скратен назив е Синдикатот на УПОЗ,  започна иницијатива за скалесто порамнување на платите на администрација.

„Колективниот договор со Општина Прилеп е потпишан, но има пречки за реализација на иницијативата. Советниците во прилепскиот совет треба да останат доследни на поддршката при склучување на Колективниот договор“ рече Бошко Талески претседател на синдикатот на вработените од Општина Прилеп во отворената програма „Радио што се гледа“ и посочи:

  • Преговорите за усогласување на барањата со законската регулатива беа долгорочни, запознати беа вработените и советниците во локалната самоуправа, градоначалникот со конечната верзија на Колективниот договор. Од како ја имавме конечната верзија никој немаше забелешки бидејќи ја доставивме на увид на вработените и Советот на општина Прилеп. Никој немаше против иако беше предлог верзија. Напротив Советот на општина Прилеп со едногласна одлука на советниците даде препорака градоначалникот на општината заедно со мене, како претседател на синдикалната организација и претседателот на УПОЗ да го потпишеме тој Колективен договор. Тој свечен чин се случи на 30 ти декември 2021 година и е со важност од 1 ви јануари 2022 година.
  • Потребно е сега Советот, на предлог на претседателот на Комисијата за буџет и финансирање да ја измени одлуката за висината на бодот. Таа одлука ја донесува секој совет на општината и треба да се прилагоди на минималната плата во моментов, која што е 15 164 денари, доколку се изгласаат измените со новата минимална плата, нормално дека ќе побараме усогласувањ со тоа. Друг избор нема ниту за вработените, ниту за синдикатот. Во текот на денов или утре, јас во соработка со УПОЗ ќе испратиме опомена до Советот, до секретарот на Општината, до Градоначалникот и до раководителот на секторот за буџет, да видеме зошто има пречка во остварувањето на деловите од Колективниот договор. Исто така оваа опомена пред тужба ќе биде испратена и до советниците од сите политички партии кои учествуваат во Советот. Прекршувањето на Колективниот договор носи одредени прекршочни и кривични одговорности. Во моментов немам објаснување зошто нема точка на дневен ред на Советот за усогласување на Колективниот договор.
  • Целта на ова колективно договарање беше многукратна. Ние се најдовме пред една сериозна енергетска криза. Ние сеуште не сме излезени од здравствената криза, континуирано се најдуваме во некаква економска криза. Така што буџетот на вработените, не само во општината Прилеп, туку и во сите државни институции, во сите училишта, средни и основни, во градинките, во високото образование, се испод просечната плата – за оние со високо образование, и испод минималната со оние со средно образование.
  • Како една општина ќе се развива зависи и од човечкиот фактор, од квалитетот на услугите кои што ги овозможува единицата на локалната самоуправа – општинските служби.

Разговорот на следниот линк:

 

Би можело да ве интересира

Попреченоста е прашање на перцепција

Гордана Цветаноска

Градоначалникот Христоски: Добрата патна инфраструктура најважна за развој на Крушево (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Од млади за млади – второ издание

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе