11.7 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Три лица повредени во директен судар на возила на патот Прилеп – Крушево кај с. Мало Коњари

Три лица се повредени, од кои две со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај село Мало Коњари.

Повредените се префрлени во градската болница во Прилеп.

Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен судир, од засега непознати причини, на две патнички возила, „Голф“ и „Алфа Ромео“, со прилепски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец.

-Тешко се повредени возачот на патничкото возило „Алфа Ромео“, 49-годишен прилепчанец со иницијали З.Г. и сопатничката во возилото „Голф“, 24-годишна со иницијали С.Е. од прилепското Кадино Село.  Возачот  на „Голфот“, 25-годишна со иницијали М.Т. е со телесни повреди, истакна Стаматова.

Полицијата и јавен обвинител направиле увид на местото на несреќата.

Поради сообраќајната несреќа патниот правец Прилеп – Крушево беше затворен за сообраќај од 17:30 часот. (МИА)

Би можело да ве интересира

Кривогаштанец се степал во кафеана и бил приведен од полицијата

Елизабета Филипоска

Насилствата продолжуваат! Вработен во Водовод пријавил напад на работното место – маж нападнат од неговата сопруга

Пела Редакција

Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе