11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Реакција: Наместо во Прилеп, министерот во Радовиш ќе разговара со откупувачи и тутунари

Во врска со новите договори, откупни цени кои ќе бидат содржани во договорите за претстојната реколта тутунопроизводство, според информациите од тутунските здруженија, ресорниот министер најавил средба за 16 ти март со откупувачи и производители во Радовиш. Ова е повод за денешната  реакција од новоформираните тутунски здруженија од Пелагонија која што ја пренесуваме во целост:

“Почитувани тутунопроизводители, замислете министерот ги кани откупните компании на средба во Радовиш на ден 16 03 2022 на средба со Тутунари.
Министре ако не знаете, да ви кажеме. Центарот на тутунопроизводството во Македонија е Прилеп или знаете но ви е страв да разговарате со вистинските тутунари па си носите по ваш ќеф одбрани тутунари за разговори со откупните компании?
Зарем министре сметате со одбрани Тутунари или статисти кои ќе глумат загриженост и конструктивност на таа средба и кои ќе молчат и аминуваат се што вие ќе кажете ќе ги решите проблемите во земјоделието и тутунопроизводството?
Дојдете во Прилеп министере и сретнете се со вистинските Тутунари и борци за правата на тутунарите докажани во последните 2 години.
Ако навистина сакате да им помогнете на тутунарите и сите земјоделци во Македонија министре, не треба да измислувате топла вода доволно е да ги спроведете решенијата на новите тутунски здруженија кои се за спас на тутунската индустрија и тутунопроизводството како и целокупното земјоделие во државата.
И за крај министре:
Дали сте свесни дека со ваквиот ваш игнорантски однос кон нас како тутунски и земјоделски здруженија од кои неодамна добивте конкретни барања и решенија кои произлегоа од одржаната средба во Прилеп за спас на земјоделието вие свесно не туркате нас земјоделците на протести кои и ќе се случат во најкус можен период.
НО ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ!!!”, стои во реакцијата од Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

СЕЌАВАЊА НА ДЕЦАТА БЕЗ ДЕТСТВО

Гордана Цветаноска

СВР Битола: физичка пресметка, нарушување на јавниот ред и мир, физички напад во Прилеп

Пела Редакција

Контролен натпревар на ЖРК Деспина пред стартот на сезоната

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе