Во прилепскиот Основен суд денеска почна судењето на Иван Јованоски кој е обвинет за нарушување на јавен ред и мир. Станува збор за случајот од празникот 11 октомври лани, кога при прославата на 80-годишнината од почетокот на Народното востание, како активистот на Левица, Јованоски во криптата на Могилата на непобедените вербално, со навредливи зборови, според обвинението, се обратил до тогашниот премиер, Зоран Заев. Обвинението е поднесено од прилепската полиција.
Судијката, кој ја води прекршочната постапка Јованка Јованоска, изјавила дека процесот денеска почнал
-Започна судската постапка за прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за случај од 11 октомври 2021 година. Подносител е СВР-Битола, ОВР Прилеп. За овој вид прекршок е предвидена парична глоба, рече Јованоска.
Обвинетиот, прилепчанецот Иван Јованоски, како што изјави, не се кае за изречените зборови, ниту дека е виновен за обвинението. Вели дека има повикано сведоци, а меѓу другите е повикан да сведочи поранешниот премиер, Зоран Заев.
– Јас сум обвинет од полициски службеник за нарушување на јавен ред и мир и за омаловажување на „некојси“ премиер и за „некоја“ фиктивна Република која практично не постои, неуставна, „некоја си“ Северна Македонија. Ова е за случката на Могилата на непобедените што се случи на 11 октомври 2021 година. За мене е спорно што моите зборови во изјавата се малку испревртени, и не се тие што ги кажав. Цитирам како службеникот од МВР ги има напишано: „Немаш лице да се појавиш овде, му се п….а на сите што се починати, треба да си славите уште еден празник, таму во Бугарија, не овде, ова не е веќе територија. Јас не реков „ова не е веќе територија“, туку реков „ова не е ваша територија“. Не се чувствувам виновен, стојам зад овие зборови. Истото ова лице, Зоран Заев, ги прави пријатели нашите тогашни непријатели, бугарските фашисти. Јас не се каам и стојам зад реченото. Значи, полициски службеник констатира прекршок. На наредното рочиште, од моја страна, е повикан Зоран Заев дали се чувствува омаловажен. Повикани се и полицискиот службеник и мои сведоци дека овие наведени зборови не се токму така кажани. Постојат видео-снимки. Мене не ми е јасно во кој дел има омаловажување. Го искористив прилепскиот жаргон, изјави Јованоски.
За овој вид прекршок, според Законот е предвидена парична глоба. Судскиот процес продолжува на 15 мај.
Инаку, Иван Јованоски е локален модератор на партијата „Левица“ во Прилеп и е член на советот на општина Прилеп. На денешната седница на Советот на Општина Прилеп тој најави туѓба против МВР поради иречените ,како што рече тој, поради немање на основа и испревртената изјава на полицискиот службеник кој е потписник на полицискиот извштајот.