14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Сакал виза за странство и бил парично измамен

На 15.03.2022 во ОВР Прилеп, 37-годишен жител на Прилеп пријавил дека бил измамен од лицето Д.М. за сума од 60.000 денари. Според пријавеното, тие претходно се договориле Д.М. да му извади три визи за странска држава за сума од 5000 евра, по што тој веднаш му дал 60.000 денари.

Исто така, според пријавеното, по неколку дена Д.М. му испратил потврда дека му е закажано интервју. Како што е пријавено, набргу потоа, Д.М. му побарал уште 160 долари за здравствено осигурување, а откако тој проверил со амбасадата му било кажано дека не се плаќа за издавање виза, по што тој му побарал на Д.М. да му ги врати парите, но тоа не го сторил до пријавувањето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Глутница кучиња скитници му удавиле 80 овци

Елизабета Филипоска

Три пријави за физички напади во еден ден во Прилеп

Пела Редакција

Акциска контрола во Прилеп, кај едно лице пронајдена дрога, 24 санкционирани возачи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе