7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Предлози за ублажување на антиковид мерките

Комисијата за заразни болести денеска предложи учениците во основните училишта да не носат маски во училиштата. Ова доаѓа по падот на бројките на заразени во нашата држава во последниот период. Меѓутоа ова нема да важи и за наставниците и техничкиот кадар. Ваква препорака даде Комисијата за заразни болести, која меѓу другото предлага и други олеснувања на мерки, односно да се укине мерката за приложување сертификат за вакцинација во отворениот дел од угостителските објекти, како и капацитетот на исполнетост во затворени објекти како опера, театар и кина, од 50 да се зголеми на 75%.

Мерките треба да ги разгледа Главниот кризен штаб, а потоа се очекува и зелено светло од Владата. Од КЗБ ги повикуваат граѓаните да продолжат да се вакцинираат, бидејќи како што нагласуваат, пандемијата сѐ уште не завршила.

Би можело да ве интересира

Наградени најдобрите книжевни таленти во Општина Прилеп

Пела Редакција

Нови два случаи позитивни на корона вирус во Прилеп

Што ги „мачи“ жителите од ромската населба „Тризла“?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе