18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

РАКОМЕТ : БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ПРИЛЕП

Во Купот на Македонија во машка конкуренција вечерва ќе се добие последниот учесник во полуфиналето. Целта веќе ја постигнаа скопските Вардар и Бутел, како и битолски Пелистер Еурофарм, така што претстои борба за влез меѓу четирите најдобри межу суперлигашките екипи на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2. Битолчаните се фаворити, а прилепчаните го имаат домашниот терен. Претходно, во ова натпреварување во Г-групата, Еурофарм Пелистер 2 со 28:20 го совлада скопскиот суперлигаш Пролет, а Прилеп со 30:25 беше подобар од скопскиот прволигаш Голден арт. Дуелот ,  Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегат е Љупчо Јаневски, сите од Скопје.

Дуелот од 19 часот може да се гледа на овој линк

 

Би можело да ве интересира

Бабунски : Своја игра , висок пресинг , доминација – за да сфатат противниците дека Победа ќе се надигрува со секого (ВИДЕО + ФОТО )

Се подготвува меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Ристовски: Ракометот е национален спорт број еден!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе