Касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп денеска имаше повод за славење – 10 април е Ден на артилерискиот баталјон. По тој повод се одржа пригодна воена свеченост на припадниците на артилерискиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, на која покрај бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Првата механизирана пешадиска присуствуваа и командантите на единиците од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, поранешни команданти на единицата, претставници од Сојузот на борци, како и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.
Пред присутните со пригоден говор се обрати командантот на артилерискиот баталјон потполковник Ивица Цветковски.
На свеченоста, беа доделни унапредувања, а водот на поручник Сара Мишева и оваа година беше прогласен за најдобар вод од составот на баталјонот.
Во пресрет на празникот, во касарната „Мирче Ацев“ се реализираа бројни активности кои започнаа во последната седмица од март и тоа на 23, 26 и 28 март, се одиграа спортски натпревари во баскет одбојка и мал фуддбал во кои учествуваа и екипи од градот Прилеп. Овој месец, на 3 ти се реализираше ТТ збор со изложба на вооружување и опрема кој го посетија учениците од основното училиште „Блаже Конески“ и градинката „Наша иднина“ од Прилеп и ученици од едно основно училиште од Кавадарци, а наредниот ден беше спроведена акција за доброволно дарување на крв во соработка со Црвениот крст на Република Македонија во кој а беа собрани 57 крвни единици. Непосредно пред велигденските празници, на 5 април беше организирана хуманитарна акција во кои беа собрани облека и обувки кои беа предадени во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, а се наменети за ранлива категорија на граѓани.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 10. Април е одреден за Ден на артилерискиот баталјон како датум на кој е формирана првата артилериска единица во самостојна Македонија.
претходна вест