2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Земјоделски проглас – бараме поддршка од сите, храната не е луксуз на богатите !

Во напорите да добијат разбирање за нивните барања од надлежните институции за справување со кризата, земјоделците апелираат на поддршка од сите граѓани и упатија јавен повик за поголема масовност на протестот кој што ќе се одржи в сабота на 26 ти март. Претставниците на земјоделските здруженија од сите сектори на македонскиот аграр посочуваат:

Јавен повик до сите граѓани на Македонија,

Почитувани Работници, пензионери,дуќанџии, студенти и сите останати граѓани од целата држава, со овој наш повик кон вас сакаме да ви ја покажеме големата слика и да ви укажеме зошто ние земјоделците сме приморани да го организираме овој протест бидејќи овде не се работи само за егзистенцијата на земјоделците туку и за ваша егзистенција и затоа на овој протест очекуваме масовна поддршка и од вас. Имено, нашите трошоци за производство се зголемени во огромен процент и ние сме доведени во ситуација да го намалиме или целосно прекинеме производството на храна и земјоделски производи. Нашите барања упатени до владата да испорача итна и конкретна поддршка да можеме да произведеме поевтина храна и земјоделски производи кои ќе бидат достапни за сите во државата не наидоа на разбирање, а тоа значи дека сите ние ќе јадеме скапа увозна храна со сомнителен квалитет која верувајте огромен дел од граѓаните нема да бидат во можност да ја купат, а згора на тоа наместо да ја помагаме нашата економија, ние ќе финансираме туѓа.За храната да не стане луксуз и привилегија само на богатите уште еднаш ја бараме вашата поддршка и разбирање. Затоа почитувани земјоделци и граѓани од цела Македонија Ве повикуваме на сеземјоделскиот предупредувачки протест во Прилеп на ден 26 03 2022 Сабота од 11-13часот локација над ЛУКОИЛ.

ЗА СИТЕ СЕ РАБОТИ!!!

Би можело да ве интересира

Снег во Крушево – Многу дожд во Прилеп, а најмногу во Битола

Јовчески: Ги исполнуваме ветувањата, започнуваме градежна офанзива!

Пела Редакција

Земотрес во Албанија почувстуван и во Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе