11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Држава без земјоделие е слуга на другите, земјоделците протестираа! (ВИДЕО)

„Уште годинава ќе се обидам да го зачувам производството“, вели еден од најмладите земјоделци на денешниот протест, сточарот Марјанчо Цветкоски од Марул, прилепско, разочаран од немањето слух и разбирачка од власта за потребите на земјоделците. Надежта дека во оваа криза ќе се опстане и преживее со доволно храна, кај примарните производители се намалува. Состојбата во сите сектори е алармантна, велат тие бидејќи цените на ѓубривата се зголемија за 3 пати, горивата и репроматеријалите поскапуваат секој ден, а пазарите за пласман на земјоделските производи се намалуваат.

Бараат надлежните да остварат средби со претставници од земјоделските здруженија, да ги слушнат нивните предлози и барања:

  1. Мерката ЗЕЛЕНА НАФТА да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде во литар по единица површина.
    Важноста на мерката да почне веднаш.
  2. Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на трошоците за живот и процентуалното зголемување на минималната плата и нивна исплата пред почетокот на секоја производна сезона.
  3. Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои се користат во земјоделството.
  4. Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.
  5. Ослободување од концесија на државно земјиште, пашарина, наводнување и одводнување за 2022 година.
  6. Изготвување на анализи за производна цена на секој земјоделски производ како и гаранција од државата за минимална заработка на производителите од најмалку 30% од производната цена на производите како и гарантирање на исплатата од страна на трговците (банкарска гаранција)
  7. Покрај традиционалните, ИТНО изнаоѓање на алтернативни пазари за сите земјоделски култури.

Земјоделци од Пелагонија, од тиквешијата, од радовишко, денеска протестираа 2 часа од 11 до 13 часот со блокада на регионалниот пат Прилеп – Градско, велат дека е ова предупредувачки протест, а ќе следи и генерален сеземјоделски штрајк доколку нивните барања не бидат испочитувани од надлежните.

Би можело да ве интересира

Кај Оревоец: Багерите мируваат – Блокадите продолжуваат

Прекин во снабдувањето со струја

Нулта толеранцина – Нема оправдување за насилство врз жените

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе