5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Од рубриката да се биде или не – Македонија на мегдан против Португалија (ВИДЕО + ФОТО )

Македонската фудбалска репрезентација е пред историски предизвик а тоа е Португалија , селекција која досега нема загубено во бараж натпревар , селекција против која имаме играно два пати и тоа еднаш загубивме со резултат 0:1 а во вториот одигравме мирољубиво 0:0. Но дуелот кој не очекува е поинаков од претходните два против избраниците на Сантош. Вечерва е да се биде или не. Отворен “мегдан” на Драгао стадионот во Порто. Деведесет минути а можеби и повеќе на лавовска битка на црвено жолтите со “милионските” нозе на португалците. Дефинитивно Македонија ги собра симпатиите ширум светот , дефинитно Македонија ја нарекоа ” убиец на гиганти” а за тоа зборува и насловната страна на шпанска Марка.

Осуммина од „златната генерација“ која прва го скрши мразот  за Македонија и настапите на големата сцена, предводени од Благоја Милевски, вечерва ќе имаат мотив повеќе против Португалија во мундијалското финале за пласман на Светското првенство во Катар, зашто пред пет години на Еуро 2017 загубија со 2-4 од „европските Бразилци“. Црвената фурија ја имаат и подршката од Балканот , многу коментари а и наслови со подршка за нашите фудбалери.Таков е примерот и со фб страницата историја на екс ју фудбалот каде стои следното:

Еден чекор до мундијалот во Катар , една мала фудбалска искра треба да го осветли патот кон историски пласман , уште само малку фудбалска магија која би ги стоплила  македонските срца. Радио Пела и за овој историски натпревар ја прилагоди програмската шема и ги сподели сите навивачки , фудбалски , новинарски информации и пикантерии во пресрет на финалниот бараж. Па така во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  ни гостуваше нашиот колега од МРТ  , Горан Стерјов кој заедно со нас се обиде да прогнозира за натпреварот велејќи дека очекува натпревар со повеќе голови и тип 2:2 и секако подоцна триумф на нашата репрезентација. Во продолжение и разговорот со него директно од Португалија , погледнете.

29.03.2022 година е денот кој секогаш ќе се памети на фудбалски план , вечерва во 20:45 сите со срце за Македонија , што и да биде ,  нека биде фудбалски за да уживаме сите.Напред Македонија!

 

Би можело да ве интересира

Наумоски, капитенот на Победа замина за Пелистер

Пела Редакција

Бронза, сребро и финале за боксерите од прилепски „Ас“

Гордана Цветаноска

ДЕНЕШНИОТ ДЕН ПРИЛЕПЧАНИ ГО ЧЕКАА 5 ГОДИНИ – СЕ ОТВОРА СТАДИОНОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ„ СО ПОБЕДА-ВАРДАР

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе