Во денешно време, омилена играчка на повеќето деца е паметен телефон, таблет или компјутер. Докажано е дека прекумерната употреба на екраните, кај одреден број деца доведува до зависност, недостаток на енергија и креативност, недостаток на социјални вештини, проблеми со физичкото здравје… и големо влијание врз раниот детски развој. Во тој контекст, секогаш неодговорено стои прашањето „Кога е вистинското време да се обратиме кај стручно лице специјален едукатор и рехабилитатор кога е во прашање нашето ДЕТЕ ?”
КОГА е алармот за да преземеме мерки и да побараме стручна помош?. .
Родителот најдобро го познава своето дете! Кога родителот ќе забeлежи отстапување во развојот на детето, потребно е ВЕДНАШ да се побара стручна помош.
КОГА?! : КОГА детето е со проблем со фина и груба моторика; КОГА детето има проблем со читање и пишување; КОГА детето доцни во говорно – јазичниот развој или во социо – емоционалниот развој; КОГА детето е помалку или повеќе осетливо на стимулсите од средината; КОГА дететето е родено со ризик фактор или е предвремено родено ;
Кои ЗНАЦИ се аларм за родителите да побарааат стручна помош и да е консултираат со стручно лице, специјален едукатор и рехабилитатор или логопед?!
Во периодот до 2 години доколку забележите дека вашето дете :
НЕ разбира едноставни наредби како „ подај ја топката„, „покажи го окото„ дај ми ја раката итн; НЕМА ниеден збор со значење ; НЕ остварува контакт со очи; НЕ реагира на своето име; НЕМА доволна развиена фина моторика (фаќање ситни предмети, редење коцки итн…); НЕ го користи прстот за да го покажи тоа што го сака ; ЧЕСТО е отсутно и незаинтересирано…
Во училишна возраст доколку забележите дека Вашето детето :
Има потешкотии во: читање (неразбирање на прочитаното, нагаѓање зборови, испуштање на букви, заменување на букви итн); пишување ( искривување на редот, испуштање или заменување на букви, не можност за самостојно пишување..); сметање (заменување на броевите при читање, пишување и сметање, намалено памтење на броеви во низа); ориентација во простор и време (тешкотии при одредување на десна и лева страна..), тешкотии при учење на мерење на времето на часовни; тешкотии во помнење и внимание …
Која е улогата на специјалниот едукатор и рехабилитатор (дефектолог)
Препораката да се посети специјален едукатор и рехабилитатор или логопед не значи секогаш дека детето има растројство во развојот, дека е со посебни потреби или дека нешто „страшно“ не е во ред со детето. Треба да правиме разлика помеѓу развојни тешкотии и и развојни нарушувања. Кога детето има мали отстапувања во еден или два сегменти во развојот тогаш станува збор за тешкотии во развојот, додека пак развојни нарушувања е нешто сосема друго. Треба да се напомене дека специјалниот едукатор и рехабилитатор и логопедот не работи само исклучиво со деца со пречки во развојот, туку и со деца со типичен развој, велат од EДУКАТИВНИОТ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „СВЕТЛИНА ПЛУС“- ПРИЛЕП кои бележи 10 години во грижата за правилен развој на децата со стручен тим, составен од високостручни и одговорни ентузијасти: логопед, специјални едукатори и рехабилитатори и психолог, кои со многу љубов и трпливост работат со децата.
ДЕСЕТ (10) ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА
EКЦ „СВЕТЛИНА ПЛУС„- ПРИЛЕП
Тимот, чие мото е УЧИМЕ, ИГРАМЕ, РАСТЕМЕ ЗАЕДНО, во текот на 10-сет годишото постење, се менувал и се унапредувал, но секогаш бил воден од основачот на ЕКЦ СВЕТЛИНА ПЛУС -Прилеп , Аница Најдоска, специјален едукатор и рехабилитатор, која е „главниот виновник“ за постоењето на овој едукативен центар. Тимот: логопедот Дани, специјалениот едукатор и рехабилитатор Мони, психологот Даниела, кој работи на емоционалната состојба на деца и нивните родители, ги следат најновите достигнувања и ги применуваат современи едукативни инструменти и апаратури за работа.
„Едуцирани сме за користење на голем број на лиценцирани обуки како што се ABA, PECS, сензорна интеграција, реедукација на психомоторика, FORBRAIN. Во најскоро време во нашиот центар ќе се нудат услуги и за NEUROFEEDBACK тренинг по отмерова метода. Тоа е неинвазивна метода со која постепено се делува на подобрување на функцијата на мозокот„ вели, Аница Најдоска
ЕКЦ СВЕТЛИНА ПЛУС – Прилеп од своето формирање 2012 година се залага за навремена рана детекција, идентификација и дефектолошка, логопедска и психолошка проценка на децата кај кои се идентификувани отстапувања од развојните стандарди за одреден период во говорниот и психомоторниот развој како и откривање на децата со неадекватен емоционален и психолошки развој, а се со цел од навремено отпочнување со дефектолошки, логопедски и психолошки третман кај децата од најрана возраст;
Програмата за работа е наменета за рана интервенција, едукација, рехабилитација и стимулирање на развојот на децата, преку примена на игра и различни терапевтски методи на работа
„Најсреќни сме кога ке ја видиме среќата во нашите мајки херојки за напредокот на нивните деца…“,велат од тимот ЕКЦ СВЕТЛИНА ПЛУС – ПРИЛЕП
ШТО НУДИ ЕКЦ СВЕТЛИНА ПЛУС – ПРИЛЕП?
Во нашиот едукативен центар нудиме превенција, рана детекција и дијагностика, хабилитација и рехабилитација на деца со развојни проблеми, деца со первазивни развојни нарушувања како и деца со говорно-јазични проблеми.
- Дефектолошка дијагностика, индивидуални и групни дефектолошки третмани како и советување на родителите на деца со попреченост и изготвување на индивидуална програма за рабоата со децата;
- Логопедска дијагностика, индивидуални и групни логопедски третмани, советување на родителите и изготвување на индивидуална програма за работа.
- Психолошко советување и поддршка на родителите и нивните деца со попреченост;
ДОКОЛКУ ВИ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ ЌЕ ГИ ПРОНАЈДЕТЕ….
ЕКЦ СВЕТЛИНА ПЛУС – ПРИЛЕП од оваа година е на нова лиокација во центарот на Прилеп, во преубав простор, со различни дидактички материјали прилагодени според возраста на децата со сензомоторна соба, логопедски и дефектолошки кабинет.
Пронајдете ги и на нивната фан Facebook страна https://www.facebook.com/Defektolog.Logoped.Psiholog/