3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во предвечерието на храмот Св.Благовештание – Се’ е подготвено за утрешниот голем христијански празник Благовештение

Во предвечерието на храмовата слава на  храмот, Благовештението на Пресветата Богородица, се одржа богослужба, каде верниците прку молитва го очекуваат утрешниот голем христијански празник, Св. Благовештени. Празникот е слава на еден од најголемите и најубави прилепски храмови  Благовештението на Пресветата Богородица познат меѓу прилепчани како Сатра Црква, а верниците веќе утре рано наутро со своето присуство ќе бидат дел од богослужбата во чест на празникот, во очекување на благата вест дека девица ќе зачне  одредена од Бога да го роди Спасителот.  Во чест на таа блага вест, што ангелот ѝ ја пренел на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот кој се празнува точно девет месеци пред Божик.

Храмот Св. Благовештение“ попознт меѓу прилепчани како Стара Црква  е изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцо и Ристе Тасламиче во 1838 година. Извесна баба Мита од семејството Миџовци го дала својот имот, зашто тоа било најдобро место за градба на црквата, а сите прилепски еснафи се согласиле да дадат материјал за побрзо да се изгради божјиот храм. Прилепчани одлучиле црквата, кој до дене денсе е духовен центар за верниците и расадник на свештеници, да му биде посветена на празникот „Светото Благовештение“ зашто дотогаш во градот не пристигнала поблага и поубава вест.

Свето Благовештение е Богородичен празник, еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. Тоа се празници поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос. Христијански празник кој се вбројува во постојаните празници и паѓа секогаш е на 7 април (или на 25 март според стариот календар).  меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне. Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден и сл., и се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.

Именден празнуваат Благоја, Блаже, Благица итн.

НА БЛАГОЕЦ НИ’ ДОАЃААТ ПТИЦИТЕ ПРЕСЕЛНИЦИ

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Се верува дека ако наутро гладен, како што се вели на гладно срце, слушнеш некоја од овие птици, ќе те разбие и не ќе имаш напредок во текот на годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. Во Тетовско и Гевгелиско на овој ден рано наутро на девојчињата им се дупнуваат ушите (додека не јаделе за да не добијат краста) и се ставаат првите обетки.

Воопшто, иако овој празник се наоѓа на крајот од Велигденските пости, на овој ден е дозволено и препорачливо да се јаде рибино месо. Некаде, тоа се правело за здравје, а на други места, сиромашните купувале риба за да си дозволат богата трпеза на овој ден.

Во Виница на овој ден традиционално се одржува фестивал на медот.

Би можело да ве интересира

Велики петок најтешкиот празник во православниот свет

Елизабета Филипоска

(Видео) Собираат средства за бебето Марија – мали херои од наше маало,пример за возрасните

Елизабета Филипоска

Денеска е Духовден ,празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе