18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Мицкоски од Прилеп: Пораката од пописот е поразителна

Христијан Мицкоски на крајот на обраќањето пред Унијата на млади сили во Домот на културата во Прилеп. праша: „Дали има некој што е задоволен и го пофали пописот освен самата власт„

„Одговорот е не. Но воедно сакам да се осврнам на пораките што ги носи пописот, а тоа е дека тој е пораз, пораз затоа што речиси 200 илјади се иселиле, тоа што имаме 132 илјади граѓани кои се непопишани говори за самиот кредибилитет на истиот. А сево ова покажува дека страдањата и маките на сите луѓе во Македонија се исти. Затоа што и причината е иста. Но и исчезнуваме како нација. За 200 години тој процес со оваа тенденција би бил комплетен„ рече Мицкоски.

Сепак, за него, како што рече, пораката е поразителна, а тоа е дека општеството се поделило и за ова прашање.

„А верувајте срцето се пара кога гледам дека и за ова Македонците се поделија во време кога треба да сме обединети и цврсти како карпа. И немојте да мислите дека оваа поделба е случајна, само погледајте кој од сево ова има најголема полза. Премалку сме да се делиме, и сакам од ова место да порачам дека е потребно обединување. Таква порака испратив до власта кога актуелно беше прашањето со Бугарија. Подадов рака да се обединиме, но владата не се надрасна себеси и таквата волја не ја искористи за доброто на државата.

Од Прилеп Мицкоски испрати порака за обединување на народот против власта.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Таргетиравме 3 основни реформи за просперитет на Македонија! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Има ли ЈП за ПУП одговорно лице?

Гордана Цветаноска

Трипуновски: Ќе ги спречам сите манипулации и неправди

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе