11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Братство му парираше на лидерот Слога само во првото полувреме (ФОТО)

Тврдо прво полувреме без голови со една вистинска шанса за лидерот во Втората македонска фудбалска лига – Исток , Слога, против Братство на денешната пресметка на стадионот на Могилата. Но затоа пак доминацијата гостите ја имаа во вториот дел. Три гола од кои две на грешка на домашната одбрана а едниот беше постигнат по убаво пласирана топка во долниот десен агол од голот на Имероски.

Слога 1934  успеа да триумфира со високи 0:3 а не изгледаше така се до 52 минута од натпреварот кога Стојанче Стојов искористи  топка од корнер и стрелаше за почетно водство.Тоа траеше се до 81 минута кога виничани го зголемија водството на 0:2 преку Андреј Симевски. Конечните  0:3 ги постави  Божидар Митревски.Мора да се спомене дека  домаќините играа и со играч помалку , кога на непотребен старт од позади Мемет Идризи заработи црвен картон , па затоа и од тој момент се се распадна во конструкцијата на играта на домашниот Братство.

Еве ги и резултатите од денешното коло: Братство – Слога 1934 0:3 , Локомотива – Победа 1:2 ( Бојан Спиркоски 20мин , Даниел Карчески 37 мин ,Дарко Иванов 42мин) ,  Детонит Јуниор – Кожув – 2:2 ,Саса Каменица – Пехчево 2:2 и Осогово – Беласица 0:5.

Во наредното коло се среќаваат : Пехчево – Детонит Јуниор , Победа – Осогово , Кожув – Братство , Беласица – Саса Каменица и Слога Локомотива.

 

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот судија Зоран Костоски – Жере достојно и успешно ја заврши судиската кариера (ВИДЕО + ФОТО )

Прва победа по пауза од 7 години за женската фудбалска репрезентација до 17 години

Гордана Цветаноска

ФК Победа бара нов правичен судиски систем во македонскиот фудбал

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе