3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Штрајкуваат вработените во прилепските градинки, згрижени 70 деца

Во прилепските детски градинки Наша иднина во тек е штрајкот на вработените кои ги поддржуваат барањата на СОНК за усогласување на платите на вработените.

– Утринава 70 деца кои родителите ги донесоа во градинките беа примени и згрижени во детските градинки „Наша Иднина“ Прилеп, така што постапуваме согласно Законот за заштита на деца во услови на штрајк. Од вкупно вработени 153, 124 се членови на СОНК, а од нив штрајкуваат 114 вработени “, вели Христина Трпческа, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп, која што како менаџер на установата треба да обезбеди работници за замена за прием и згрижување на децата во услови на штрајк на вработените.

Инаку, ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп ја посетуваат 1 165 деца во 6 те објекти на установата. Денеска  е прв ден од генералниот штрајк на вработените во градинките, и сеуште е неизвесно дали штрајкот ќе продолжи и наредниве денови, што зависи од преговорите на СОНК со ресорното министерство. Доколку се зголеми број на деца кои ќе бараат згрижување во градинките и има потреба од работници за замена, установата треба да обезбеди дополнителни работници за прием и згрижување на децата преку Агенцијата за вработување со согласност од Општината.

Во контекст на ова прашање советникот за образование Марјан Матракоски при Општина Прилеп смета дека засега во прилепските градинки ситуацијата е стабилна и  директорката ја менаџира состојбата добро, а доколку има потреба ќе се реагира навремено со давање на согласност за работници за замена.

Би можело да ве интересира

Одржливи решенија, а не преодни половични мерки, бара од Владата Сојузот на стопански комори на Македонија

Гордана Цветаноска

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

Премиера на филмот „М“ во режија на Вардан Tозија во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе