11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Хуманитарна велигденска акција во прилепските храмови за социјалните семејства

По 15 пат за најголемиот христијански празник Велигден во 4-те православни храмови во Прилеп, „Св. Петка“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Преображение“ и „Св. Благовештение“ се спроведува хуманитарната акција во организација на неформалната хуманитарна организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски.

Од денес па се до празникот Цевтници, односно до недела граѓаните ќе може да донираат парични средства во веќе препознатливите црвени кутии кои се поставени на средината од храмовите. Со собраните средства се купуваат прехранбени производи и хемиски средства кои им се даваат на социјално загрозени семејства. Овен пари граѓаните исто тоа може да донираат и нерасиплива храна.

Во оваа акција освен граѓаните со свои донации учествува и МПЦ како и бизнис секторот во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Вработен агресивно се однесувал кон директорот во училиште во Прилеп

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (61)

Пела Редакција

Проданоски: Додека народот гладува и тоне во сиромаштија, премиерот Ковачевски си прави екскурзии

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе