10.9 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

СОНК го стави штрајкот во мирување, учениците од утре на настава

Синдикатот за образование, наука и култура го става штрајкот во мирување. Причина за ваквата одлука на СОНК, било добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на работните спорови.

Сепак од СОНК велат дека штрајкот повторно ќе биде активиран доколку не се најде соодветно решение и доколку не се усогласат барањата со Министерството за образование и наука. Првиот човек на СОНК додаде дека очекува дневниците за време на штрајкот дека нема да бидат скратени и изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, а колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.

Штрајкот започна на 11-ти април. Барањата на СОНК се зголемување на платите за 18,5% односно нивно усогласување со минималната плата која од март се зголеми на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Владата им понуди 12 % повисоки плати.

Би можело да ве интересира

Преку Еразмус+ ученици од ООУ “Гоце Делчев“, здружени со свои врсници, учат за користење на обновливите енергии.

Елизабета Филипоска

„Германисти“ од ООУ “Добре Јованоски“ на државен натпревар

Елизабета Филипоска

Чиста животна средина , подобра иднина за сите – одбележан денот на пролетта во ООУ Кире Гаврилоски-Јане (ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе