Прилеп ја одбележа 119 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 110 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чии гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп .
Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагации од Советот на Општина Прилеп, политичките партии, Сојузот на борци од Прилеп и претставници од МПЗ од Прилеп положија свежи цвеќина пред спомен обележјата на македонските револуционери.
Во меѓувреме, ООУ Гоце Делечв , со пригодна програма и положување на цвеќе пред бистата на патронот го одбележаа патрон празникот. За ликот и делото на Гоце Делчев пред присутните говореше градоначалникот на Прилеп ,Борче Јовчески и директорката на училиштето Снежана Котева.