1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Градскиот пазар се пресели кај катната гаража?!

Голем дел од закупците на тезги на зелениот пазар во Градскиот пазар Прилеп денеска не работеа, продажните места беа покриени, а продавачите – пазарџии излегоа на протест. Бараат итно решавање на проблемите, со како што велат дивите продавачи, кои се нивна нелојална конкуренција и узурпираат паркинг простор, пешачки зони околу Градскиот пазар.

 

Николче Трајкоски, претседател на Здружението „Пазари“ објаснувајќи ја целта на протестот вели дека тие се закупци и продавачи на еден дел од пазарот , имаат договор за закуп, кој што гарантира продажба преку целиот период од годината:

„Согласно законските прописи и Законот за продажба на пазарите, надлежните органи веднаш да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен Кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број).

Правна заштита од страна на ЈКП „Пазари“ и нивното раководство, доследно почитување на сите точки од договорите кои се издадени од нива, а ги имаме потпишано со ова јавно претпријатие од наша страна. Сите ние сме легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, исто како и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“.

Локалната самоуправа и сите инспекторати кои што работат во нејзин склоп, а  имаат ингеренции во решавање на ваков или сличен проблем, да се завземат и да го решат нашиот проблем на долгорочен план, се’ со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги.

Пазарниот и комуналниот инспекторат во координација со полицијата да ги расчисти узурпираните јавни површини кои со закон не се предвидени како продажни места, а воедно и да ги заштитат граѓаните од продажба на градинарски производи во нехигиенски услови. Па нели со закон се бараше пазарите да бидат уредени по ХАСАП систем?

Да не заборавиме дека просторот кој што во моментов е узурпиран од страна на дивите продавачи е наменет за паркинг простор кој го користат сите оние кои сакаат да го користат Градскиот пазар. Воедно узурпирани се и пешачките зони кои се наменети за сите пешаци, а не за продажба“, посочи Трајкоски.

 

Станува збор за 40 тина тезги кои се претежно во зелениот дел од пазарот, од кои што егзистираат 150 – 200 семејства. Доколку барањата упатени до ЛС Прилеп, ЈКП Пазари не се исполнат, граѓанското здружение „ПАЗАРИ” најавува дека ќе преземат радикални мерки и нивните права ќе ги бараат преку штрајк и организирана граѓанска непослушност.

Околу катната гаража во близина на пазарот и денеска имаше импровизирани мали продавници – паркирани камиони со ран зеленчук каде ги посетија пазарџиите кои протестираа.

Продавачите велат дека и тие имаат договори, според кои плаќаат 13 илјади денари закупнина за простор. Воедно, еден од продавачите покажа решение  од Министерството за земјоделство  за регистрација на земјоделско стопанство.

И двете страни решението за состојбата го бараат во одговорот на ЈКП Пазари и Градоначалникот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кети Смилеска: Се чувствувам подобро

Гордана Цветаноска

Декларација „Зборот на Конески, гајдата на Пеце“ за здружено делување на две манифестации

Пела Редакција

Завршна конференција во Рим на проектот Европско движење на експерти за ран детски развој

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе