14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Ковачевски: За финасирање на медиумите се бара одржливо и долгорочно законско решение за што е потребен консензус

До каде се преговорите за изнаоѓање  решение за една од горливите теми  кои задираат во опстанокот на локалните медиуми беше прашање упатено до премиерот Димитар Ковачевски од Радио Пела, при денешната посета на прилепската болница. Крајниот збор треба да го даде Собранието во врска со членот 102 од Законот за медиуми кој што беше донесен 2018 година. Премиерот Ковачески посочи дека актуелното законско решение било донесено токму од причини да не се злоупотребуваат медиумите како што тоа го правела претходната власт и за што биле потрошени 40 милиони евра.

– Во тоа време точно е Собранието одлучи дека треба да се укине можноста државата, односно владата и владините иституции да се рекламираат на масовни медиуми и тоа беше донесено од причина што претходната власт во 10 години правеше класично и еклатантно злоупотребување на медиумите преку директно финансирање на медиумите и тоа во износи од околу 40 милиони евра на годишно ниво. Треба да се финансираат медиумите, меѓутоа тоа не може да се злоупотребува. Ние се сеќаваме кога се држеа прес конференции само со нарачани прашања. Вие знаете, барем за мене можам да зборувам, дека никогаш не се случило на некој новинар или на било која телевизиска куќа да и се каже што може да ме праша и кога може да ме праша. Јас 3 пати доаѓам во Прилеп и 3 пати одговарам на сите прашања кои што вие ги имате да ги поставите. Секое менување на законската регулатива мора да биде во насока таа да спречи било каква злоупотреба на медиумите во иднина.

Ковачевски посочи дека се одржале состаноци во Владата со повеќе претставници од здруженијата на новинарите и медиумите, се работи на изнаоѓање на решение кое ќе биде одржливо и долгорочно, а како резултат на таквите преговори е намалување на 50 % од надоместот за вршење на дејноста.

– Точно е дека имало состаноци со здруженија како на медиуми како и на други организации од медиумската сфера. Се работи на издржано законско решение  кое што ќе може да овозможи на медиумите прво постабилно финансирање, поредовно финансирање и уште подобро извршување на своите услуги, бидејќи медиумите се од огромно значење, како националните, така и регионалните медиуми, со оглед на тоа што регионалните медиуми имаат повеќе простор, повеќе знаење и повеќе пристап до информации кои ги засегаат граѓаните и преку тоа можат да вршат иницијативи кои што ќе ги унапредуваат теми и делови од животот кои што можат да се решаваат и на локално ниво.

Во изнаоѓањето на решение  биле вклучени сите политички партии, затоа што такво решение за било какви законски измени не може да произлезе само како иницијатива на Владата, туку тоа мора да произлезе како парламентарна иницијатива со оглед на тоа дека е потребно двотретинско мнозинство.

– Јас би кажал дека за една таква тема потребно е национален консезус во Собранието каде што сите политички партии ќе го разгледаат, ќе дадат свое мислење, заедно со мислење на експертите, нормално и мислење на меѓународната заедница и да се најде решение кое што ќе биде одржливо и долгорочно во однос на финансирањето на медиумите со цел да произведуваат реална програма која што ќе ги отсликува реалните процеси во државата, а не да биде злоупотребувана како што беше злоупотребувана во минатото, посочи премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријават за гласање на референдумот

Гордана Цветаноска

Колку ќе чини буџетот за 2018 на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Високо загадување на воздухот во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе