Над 350 ученици, полуматуранти од општините Крушево, Прилеп, Долнени и Кривогаштани го посетија СОУ „Наум Наумоски Борче „ – Крушево на „Oтоворениот ден„ и се интересрираа за можностите кои ги нуди ова училиште , како нивни иден избор за квалитетно образование.
Пред идните средношколци беше презентирано гимназиското образование на СОУ „Наум Наумоски Борче„, кое нуди избор на математичко , опшествено – хуманистичко и јазично уменитчко подрачје,
како и со угостителско –туристичка струка кој практично, им покажа на посетителите –дееветооделенци, со готови изработки , како может да добијат занимање која е барано на пазарот на трудот: професионален готвач, келнер и слаткар или пак како да се менаџира во угостителство и хотелијерството: хотелско туристички, хотелско – ресторански или угоститлески техничар. Струката е во рамките на дуалното образование кадеш што учениците кои ќе се запиша во угостителко – туристичката струка ќе имаат можност да учат низ практична работа во рресторани и хотели ,но и за тоа да добиваат парична надокнада од 3500 ден .
Идните средношколци, деветоодделенци од различни основни училишта од Крушево и околните општини при посетата на СОУ „Наум Наумоски Борче„
имаа можност да ги разгледаат и условите во училиштето кое нуди безпрекорна можност за едукација, надоградба , со опремени кабинети и училници и со посветеност од страна на професорите кои секогаш им излегуваат во пресрет на учениците .
Од СОУ „Наум Наумоски Борче„ – Крушево велат дека тука учениците ќе имаат можност да учат за животот, еден од најважните постулати за „влегување во светот на возрасните„ по завршувањето на средното образование.