11.8 C
Прилеп
петок, 25 април, 2025
Пела Радио

Подобро поврзување меѓу Крушево и Кичево преку санација на локални патишта

Општина Крушево ќе започне со санација и порамнување на патот од с. Пуста Река, општина Крушево, до с. Цер, општина Кичево, целта е да се овозможи подобро поврзување на двете општини. Иницијативата ќе се реализира во соработка со централната власт .

„ Ова е прва фаза, а за наредниот чекор ќе инсистираме  изнаоѓање извори на финансирање за асфалтирање и целосна функционалност на овој регионален пат,“посочува градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Регионалниот пат кој води до с. Пуста Река беше целосно реконструиран, а изградба на асфалтен пат кон с. Цер ќе го олесни движењето и ќе ја унапреди поврзливоста на двете општини.

„По асфалтирањето на патот од Крушево до Пуста Река граѓаните апелираа да се работи на патот до с. Цер кој е достапен за користење за теренски возила, но не е функционален.“, додава градоначалникот Христоски.

Со градежите активности ќе се обезбеди скратување на патувањето до Кичево од неколку десетици километри.

Би можело да ве интересира

Македонскиот петти оф роуд во Крушево е во тек

Пела Редакција

Голем интерес за инвестирање во фотоволтаични централи во општина Новаци

Гордана Цветаноска

Најголемата збирка на дела од Мартиноски се наоѓа во Крушево (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе