11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Се одржа годишното собрание на Европската боксерска унија – Чатлески македонски претставник и делегат (ФОТО)

Деновиве во Рига (Латвија) се одржа генералното годишно собрание на Европската Боксерска Унија Е.Б.У за професионален бокс.На собранието учествуваше македонската асоциација Про Бокс Македонија , делегат беше Дарко Чатлески при редовниот избор на претседател и членови на управен одбор. За нов претседател беше избран Петер Стуцки од Швајцарија.

Агендата имаше 14 точки а најголем акцент се стави на заштита на здравјето на боксерите. Постојните мерки за прегледите на боксерите да се почитуваат и да не се прават отстапки. Еден од најважните прегледи на професионалните боксери е МРИ на глава.

Новиот претседател Петер Стуцки  при разговорот со македонските претставници истакнал дека е задоволен и  од работата на Про Бокс Македонија . Договорена е средба во блиска иднина , претседателот Стуцки и дел од одборот на Е.Б.У да бидат гости во нашата земја. Следното генерално собрание 2023 година ќе се одржи во Малта.

 

Би можело да ве интересира

(Видео) Убава вест – Мартин Јованоски, првак на Светскиот куп во Турција

Елизабета Филипоска

Победа поразена во Струмица

Репрезентативните тренинзи за џудо ветерани стартуваа од Прилеп (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе