5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Поп пејачот Ламбе Алабаковски го подметнал пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во саботата утрото

Познатиот македонски поп пејач Ламбе Алабаковски го подметна пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во саботата утрото, потврдуваат  извори од битолската полиција. 34 годишниот Алабаковски го призна  делото, а кај него полицијата пронајде и повеќе предмети со кои го предизвика пожарот.  Веста дека е фатен сторителот претпладнево на својот фб профил ја објави и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На Ламбе Алабаковски му се заканува казна затвот од шест месеци до пет години.

Инаку во официјалниот полициски извештја стои дека на 07.06.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.

Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „ Ванчо Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во

Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Опожарено возило на раководителка на сектор во Општина Прилеп

Автобус со работници се преврте кај Битола

Елизабета Филипоска

Избувна пожар во фабриката „Тила“ во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе