18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Непрооден патот на Плетвар

Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот.

Изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот, информираат од ЦУК.  Од АМС на Македонија велат дека патот треба да бид пуштен до 13,30 мин, но и тоа е неизвесено и зависи од временските услови и динамиката на работа .

Граѓани на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од состјбата на патот, незадволни што надлежните навреме не презеле мерки да не дојде до оваа ситуација. „
„ Плетвар утрово, по три дена дожд… Може да се поправи, а полесно е да се отвори бродска линија.„-пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Обилните дождови во последните неколку дена, доведоа до излевање на реката што се наоѓа покрај патот, а градежните работи кои се изведуваат на него, дополнително ја влошија ситуацијата.

 

Би можело да ве интересира

КРАЈОТ НА ЕДНА ЕРА

Пела Редакција

Николоски: Мафијата не е сузбиена од полицијата, туку е во соработка со неа!

Бесправно изградила куќа со деловни и стамбени простории и се сомничи за кривично дело „бесправно градење“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе