11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Гасеничар„ за качување по скали за Михаел да нема пречки при движењето во ООУ Кире Гаврилоски Јане – Прилеп

Михаел (името на ученикот е измислено од редакцијата)  е ученик во ООУ Кире Гаврилоски – Јане. Тој е дете со физичка попреченост и за движење ја користи инвалидската количка . Неговото училиштето е на два ката.  Вториот кат и скалите како пречка беа причина училиштето бара решение и за оваа дете да има рамноправен пристап до сите простории во училиштето. Најчеса придружува му биле  родитетлот за Михаел да може да посетува дел од кабинетската настава во училиштето, која са наоѓа на вторито кат и рамноправно да учи со своите врсници.

Но, сега не е повеќе така.  Деновиве училиштето,  само за Михале набави електромоторен транспортер, гасеничар, кој се движи по сакли и може Михаел да го однесе и на вториот кат, без ничија помош.

Донацијата е од  проектот   „Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран“, поддржан од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Целта е обезбедување на прифатлива и инклузивна средина и во тие рамки на 40 училишта им се обезбедуваат грантови за подобрување на пристапноста и за градење на квалитетни средини за учење. Конкретно во ова училиште со дефектологот, со директорот се дојде до заклучок  дека она што е најпотребно е едно вакво средство со кое ќе се обезбеди мобилност на ученик, наш стипендист ,да му се овозможи еднакво рамноправно учество во наставниот процес„

 

 

вели Елена Мишиќ, од Фондацијата „Чекор по чекор“, чија улога е помош на деца со попреченост и нивните семејства.

Инклузијата е наша заедничка обврска и цел затоа сметавме дека  електромоторен транспортер, па тоа и да е за еден ученик, е најважно во овој момент  за OOУ „Кире Гаврилоски-Јане“. И, ова е голем исчекор во подобрување на инклузивнот образование, бидејќи со оваа направа секој ученик би имал пристап до сите простории во училиштето,  а истовремено би била олеснета работата и на наставниците, воедно и на родителите кои ги носат  ученици со пореченост во нашето училиште, Физичката неможност за искачување по скали, нема повеќе да биде пречка во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ за учениците кои посетуваат настава во оваа воспитно образовна установа. – гордо истакна директорот на училиштето Кире Гаврилоски-Јане“, Влатко Кузманоски

Општина Прилеп со сигурност и во иднина ќе биде дел од ваквите проекти кои придонесуваат во подобрување на инклузивноста во образованието. Конкретно, веќе се реконструирани и адаптирани тоалетите во ООУ Климент Охридски за децата со попреченост кои учат во ова училиште, еве тукам во ООУ Кире Гаврилоски – Јане ,за прв пат, се создава можност за пристапност на децата со физичка пореченост во оваа образован институција, а деновиве во ООУ Гоце Делчев, заедно со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ веќе се подготвува проектот за уредување на сензорска соба, што секако ќе придонесе до поквалитетно инклузивно образование. Нашата цел како локална самоуправа е да создадеме услови во образовните институции во кои различни ученици со различни способности ќе имаат можности да учат заедно во редовната настава,па затоа во во иднина продолжуваме да даваме огромна поддршка на вавките проекти.– рече на оваа средба градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, посетувајќи го училиштето и заблагодарјувајќи им се на преставниците од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ за нвината грижата и проектни активности што ги реализираат за децата со попреченост.

Преку овој проект , кој што се реализира со ЕУ, на 40 училишта во Македонија им се обезбедува прифатлива и достапна инклузивна средина , а на 47 деца – ученици со пореченост им се доделуваат стипендии. Четири стипендиси од оваа фонадција се и ученици со попреченост во прилепското ООУ Кире Гаврилоски – Јане

Во ООУ Кире Гаврилоски има 12 деца со посебни потреби активно вклучени во образовниот систем. За нив училиштето има обезбедено двајца лично – образовни асистенти кои им помагаат на децата во образвониот процес.

Би можело да ве интересира

Преку Еразмус+ ученици од ООУ “Гоце Делчев“, здружени со свои врсници, учат за користење на обновливите енергии.

Елизабета Филипоска

СОУ „Ѓорче Петров“ доби донација од Комфи Ангел

Пела Редакција

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе