22 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Се враќаат препораките за носење на маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз

Според денешните податоци од Институт за јавно здравје регистриран еден починат и 148 нови Ковид случаи,  од направени 1 261 тестови , со што, во пораст е бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, зголемувањето изнесува 65.8% според Комисија за заразни болести .

„Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации(во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжитенло носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз“, посочуваат од Комисијата и дополнително препорачува до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштина маска , одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

Во Прилеп се согласно денешната статистика регистрирани се 6 нови случаи, така што бројот на активни Ковид случаи изнесува 24.

Би можело да ве интересира

Министерство за транспорт: железничкиот сообраќај се одвива нормално и без прекин

Пела Редакција

Проданоски: економската политика на идната влада на ВМРО ДПМНЕ е развој на Прилеп и Македонија

Пела Редакција

(ВИДЕО)Поплавени патишта и најава дека зимата се враќа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе