16.3 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

ЈКП Комуналец: Од 7 часот утринава Прилеп е подготвен за втората фестивалска вечер

Прилепски Комуналец работи по пивофестовска шема за одржување јавната чистота. Веднаш по завршувањето на фестивалската забава ноќеска, екипи на јавното претпријатие прибираа купишта хартија, отпадоци од пластичен прибор, лименки и друг отпад кој што може да се рециклира. За потоа, темелно да се исчистат парковите, а плоштадите, улиците, тротоарите да се освежат. Собраниот отпад потоа се транспортира на депонијата Алинци.

„Задача на комуналците е до 7 часот наутро централното градско подрачје да биде со врвна чистота. Покрај ова, како и вообичаено, секое утро се мијат и сите главните сообрајќајници низ градот.Остануваат три дена од одржувањето на најголемата пивска манифестација, денови кога сите ќе слават, а Комуналец ќе биде со задачата да им овозможи на прилепчани и посетителите чиста и пријатна средина за пивското дружење,“ посочуваат од ова јавно претпријатие.

Би можело да ве интересира

Во Могила опожарени 1 500 бали сено и слама, сопственост на градоначалничката Гулевска

Гордана Цветаноска

Дали ќе се направи игран филм за Ченто?!

Елизабета Филипоска

Крушево од денеска безбедна Ковид дестинација

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе