11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ќе се подобруваат социјалните услуги на локално ниво

Како да се подобрат социјалните услуги на локално ниво преку јакнење на капацитетите на општините во интерес на граѓаните? Се наметнува неопходноста за  воведувањето на услуги со добри практики со кои ќе се обезбеди поддршка од институции и организации кои забележале значајни успеси при реализацијата на социјални услуги. Денеска се одржа работилница на тема “Услуги за нега на стари лица во домашни услови” на која учествуваа претставници од невладини организации,  локални самоуправи и од центрите за социјална работа во рамките на проектот „eHelp СМакедонија: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување“ .Предавач на работилницата беше г-н Каи Леисенринг од Европскиот центар за политики за социјална благосостојба и истражување од Република Австрија.

Оваа работилница беше можност за општините, јавните институции и граѓанските организации да се информираат за процесот на креирање и обезбедување на социјални услуги за нега на стари лица во домашни услови, и во заедничка соработка со поддршка на австриските организации да дадат придонес во дизајнирањето и обезбедувањето на овие услуги на локално ниво. Во некои општини социјалните услуги за нега на стари лица во домашни услови постојат и континуирано се работи на нивно подобрување, а некои општини се во почетна фаза од процесот за обезбедување на овие услуги.

Можност за сите општини е поддршката од Светска Банка и ресорното Министерство за труд и социјална политика за развој на социјални услуги на локално ниво. Инаку, Република Австрија е водечка земја во Европа во обезбедувањето на социјални услуги на локално ниво, а Европскиот Центар за социјални политики за благосостојба и истражувања е препознаен насекаде во Европа по експертизата во креирањето на програми за обезбедување на социјални услуги.

Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи преку несебичната заложба на неговото Аташе во нашата држава – г-н Харалд Фугер веќе долги години обезбедува поддршка на граѓанските организации и на останатите релевантни чинители да ги зајакнат своите капацитети преку споделување на добри практики од Република Австрија за развој на социјални услуги на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар со „Декамерон“ го отвора 48 издание на МОТ во Скопје

Пела Редакција

Најдоброто од Берлинскиот филмски фестивал во Крушево

Гордана Цветаноска

Невреме во прилепско со силен ветер, дожд и град

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе