5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Од четврток до недела Македонија во портокалова алертна фаза

Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела (21-24.07.2022), информира дека територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури. Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток 21.07. до 24.7.2021 година.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:
Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Би можело да ве интересира

Бомбата била активирана, но се изгаснала

Гордана Цветаноска

Пробен попис на населението во општините Прилеп и Долнени

Гордана Цветаноска

Рекордни 70 точки на дневниот ред на 20 тата седница од Советот на Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе