19.2 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

Бабунски : Своја игра , висок пресинг , доминација – за да сфатат противниците дека Победа ќе се надигрува со секого (ВИДЕО + ФОТО )

Црвено белата фурија полека но сигурно се подготвува за настапот во најквалитетното фудбалско друштво кај нас , каде по подолго време на градски во Прилеп ќе бидат “нагостени” најдобрите фудбалски колективи во земјава. Предводени од Бобан Бабунски , победашите ќе се обидат да замрсат многу сметки но во исто време  и да не “залутаат” низ македонските стадиони па на крајот повторно да бараат прволигашки спас.Бабунски гостуваше во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  и што е најважно многу реално , чисто и прецизно ни ја пренесе моменталната ситуација во клубот.Тој истакна дека сите играчи за време на подготвителниот период ќе добијат шанса да се докажат , а ќе има минутажа во неговата тактичка замисла за сите кои навистина ќе покажат дека можат да се носат со товарот на секој натпревар.

Среќен сум што сум тука и верувам дека заедно со моите играчи ќе го реализираме овој нов проек и предизвик , заеднички бидејќи од моето доаѓање во клубот гледа голем потенцијал кај овие играчи – истакна Бабунски , кој се надева дека Победа ќе оди во добар правец и дека ќе се врати на старите патеки.

Како што е познато според распоредот Победа на стартот од првенството ќе гостува во Струга а претходно ќе одигра пријателски натпревар со екипа од Албанија и дуел со Академија Пандев.Разговорот со стратегот на прилепчани во целост можете да го погледнете во видеото подолу.

 

Би можело да ве интересира

Заслужено “Гостилница кај Џек” го освои светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Тодороски: Секогаш беше спектакл кога играше Победа (ФОТО + ВИДЕО)

Никола Димески

Кога девојките „тепаат“ резултатот е 1:9

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе