Манифестација научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ е речиси комплетирана со многу музика, филм, традиција и култура, посочуваат организаторите. Настаните започнуваат од први август:
На 1-ви август во 18:30 часот започнува поворката кон Гумење каде што ќе се полагаат цвеќиња. Официјалниот дел започнува на споменик Илинден во 20:30 часот каде што свој настап ќе имаат хорови и оркестри на Национална филхармонија и Национална опера и балет. Во овој дел ќе настапат и „Танец“ и балерината Ивана Коцевска.
Манифестацијата од 22 часот ќе продолжи на „Гумење“ со читање на Крушевски манифест, обраќање на градоначалникот на општина Крушево и претседател на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ Томе Христоски по што ќе следи концерт на Камерниот оркестар, Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба.
На полноќ ќе има импровизиран напад на Крушево.
На 2-ри август централната манифестација се случува на Мечкин Камен во организација на Владата.
Во рамки на програмата од 3-ти до 10-ти август планирани се:
03.08. Проекција на македонски филм „Хомо“
Режија: Игор Иванов Изи
Сценарио: Игор Иванов Изи и Сашо Кокаланов
Главни улоги: Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Сашко Коцев
04.08 20:00 [Споменик Илинден] Изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал Star Wars и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден + ди џеј сет на Томи Бојаџи
05.08 Ден посветен на влашката култура и традиција
06.08. 22:00 Крушевска вечер – забава со локални ди џеи
07.08.[Летна сцена] Програма за деца – фестивал „Весели ѕвончиња“, на летна сцена
08.08.[Летна сцена] Настап на Влатко Груевски – тенор
10.08 21:00 [Училница, пред споменик Илинден] Дац & Александар
Спуштање на бајракот на слободата, по што ќе следи затворање на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“.