30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Христоски: Илинден не само што е голем празник, туку е наша одговорност да го одбележуваме, славиме и чуваме!

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски во пресрет на одбележувањето на 119-годишнината од Илинденското востание и од Крушевската Република повика на достоинствено, со висока доза на почит и гордо да го одбележување на Илинден. Во пораката Христоски вели:

Драги сограѓани,
Празникот Илинден не само што е голем празник, туку е наша одговорност да го одбележуваме, славиме и чуваме. Споменот на Илинденците, споменот на создавањето на нашата држава е должност која треба да ја пренесеме на помладите генерации.
Достоинствено, со висока доза на почит и гордо да го одбележиме Илинден 2022 година. Илинден е празник на сите и секој од нас има еднаква можност да го одбележува на свој начин, но должност е да бидеме достоинствени како Илинденците, да не ги забораваме идеалите и да се раководиме од Крушевскиот манифест. Илинден е на секој граѓанин и тоа никој никогаш нема да го смени.
Илинден не’ повикува да бидеме единствени, да бидеме демократи кои се почитуваат едни со други и ги почитуваат институциите. Идеалот на Илинден може да биде претставен на вистински начин само преку покажување на толеранција, достоинство и мирно одбележување. Се’ друго е само непочит и заборав на оние кои се бореле за автономна Македонија.
Ова е проглас од еден Македонец кон сите свои сограѓани – Илинден да го одбележиме како што доликува, а Манифестација „Десет дена Крушевска Република“ да ја проследиме со внимание заради својата национална вредност.
Сите сме деца на Илинден. Илинден – нашата визија за иднината.
Драги сограѓани,
Ве очекуваме во Крушево, повикува Томе Христоски, градоначалник на Крушево

Би можело да ве интересира

Од локалниот водовод во Крушево, водата не е здравствено исправна за пиење

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот: „Одржлива трансформација во туризмот“

Буџетот на Општина Крушево за 2022 ќе биде наменет и за подобрување на јавната чистота

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе