10.9 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Јовчески: да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали

По повод најголемиот национален празник – Илинден, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески упати празнична порака во која се вели:

Почитувани сограѓани,

На овој голем национален празник, сакам да ви го честитам Денот на Републиката, а воедно и големиот христијански празник Св. Илија.

Илинден не’ потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Носечкиот код на македонската држава, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија.

Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.

Нека ни е честит Илинден!

За многу години!

Градоначалник на Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

Би можело да ве интересира

Министерот Спасовски во работна посета на Прилеп

Гордана Цветаноска

„Велигденски панаѓур“ в четврток во ООУ „Кире Гаврилоски“

Пела Редакција

(ВИДЕО-ФОТО)Со изложба на маски од учениците започна карневалот Прочка 2025

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе