18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Меѓународен одбојкарски турнир во Крушево

Во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ од  денеска, 4 ти до 6 ти август  ќе се одржи меморијален турнир во одбојка „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка”. Овој турнир е 46-ти по ред, а ќе учествуваат македонска женска младинска и сениорска репрезентација и ќе гостуваат репрезентативните одбојкарки од Косово и Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар е денеска од 17 : 30ч. помеѓу Косово и Босна и Херцеговина. Љубителите на одбојката ќе можат да проследуваат по два натпревари од 17:30 и 20:00 часот во трите дена.

„Ова лето Крушево е центар на одбојката. Цело лето присутна е женската репрезентација од повеќе категории, на подготовки беа неколку одбојкарски тимови, а еве сега ќе се одржи и меѓународен турнир. Спортската сала и Крушево повторно прераснуваат во места за спортски подготовки.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

ЏК Сеишин со 27 натпреварувачки освои 17 медали на Државното џудо првенство

Победа денеска го игра одлучувачкиот натпревар за опстанок во Втората лига

Пела Редакција

Победничка премиера на РК Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе